Софтвер

Кои се најсимнуваните Apple апликации за 2016 година?

6. јануари 2017 - 11:04 | И.М.

Компанијата Apple објави соопштение за успешноста на нивните софтверски продукти во 2016 година, во кое се откриваат најсимнуваните мобилни апликации од App Store за изминатава година.

„Pokemon Go“ и „Super Mario Go“, првите обиди на компанијата Nintendo за внесување на своите ликови на Apple уредите, завршија успешно - и двете апликации се меѓу најсимнуваните апликации нa Apple во 206 година.

На врвот е „Pokemon Go“, културниот феномен што беше најсимнуван годинава, а зад него е „Super Mario Go“. „Super Mario Run“ е исто така една од најпреземаните апликации на Apple, која беше и најсимнувата апликација на католичкиот Божиќ и на Нова година.

Во топ десетте најсимнувани апликации за 2016 година се најдоа и Prisma, Reigns, Procreate, Lumino City, Sweat With Kayla и djay Pro.

Коментирај