Кои се обвинетите за нападот во Москва? Едниот има само 19 години, повеќето се родители

Русија во неделата обвини четворица мажи вклучени во нападот на Crocus City Hall на 22 март во предградие на Москва.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 137 лица, меѓу кои три деца, а беа повредени најмалку 154 други.

Максималната казна за делото е доживотен затвор. По завршувањето на судската постапка, на осомничените им е одредена мерка притвор до 22 мај.

Осомничените беа донесени во московскиот окружен суд Басман со видливи модринки. Судот ги идентификуваше и официјално ги обвини. Обвинети се Далерјон Мирзојев, Саидакрам Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов. Тројца од нив признале дека го извршиле нападот.

Далерјон Мирзоев е 32-годишен имигрант од Таџикистан. Пред три месеци ја пречекорил работната виза во Русија. Тој е татко на четири малолетни деца, од кои најстарото има седум години.

Саидакрам Рачабализода (28) исто така е роден во Таџикистан. Тој моментално живее во Москва, а неговата точна улога во нападот е под истрага. Оженет е и има дете. Како што се наведува, обвинетиот е невработен и има завршено средно образование. Престојува во Русија од 6 март без работна или друга дозвола. Претходно бил протеран од Русија во 2018 година поради кршење на режимот за престој.

Шамсидин Фаридуни (24) е татко на осуммесечно бебе. Тој работел во фабрика пред да се вклучи во нападот на Crocus City Hall. Како и другите, Фаридуни е роден во Таџикистан. Тој немал претходни пресуди.

Мухамедсобир Фајзов е најмлад меѓу осомничените - има само 19 години. Претходно работел во берберница во рускиот град Иваново, каде што бил пријавен.

Уапсен е во Брјанската област. На носилки бил однесен во судот, најверојатно поради повредите здобиени при апсењето. Тој нема жена или деца. Само што завршил средно училиште и моментално е невработен. Поради повредите не можел да комуницира, па на прашањата одговарал климајќи со главата. Нему му беше обезбеден и преведувач.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава. Но, никој од руските функционери не го призна тоа тврдење, но од нивните изјави може да се заклучи дека сметаат дека зад нападот стои Украина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од огромниот американски пакет помош

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од огромниот американски пакет помош

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе