Кои се последиците од јадење премногу тестенини?

Треба да се биде умерен во сѐ.

За многумина, тестенините се, на сите можни начини, омилено јадење. Сепак, има време кога тестенините едноставно се премногу и телото ни дава до знаење со не баш пријатни појави.

Ова се петте главни последици од јадењето премногу тестенини од бело брашно.

Може да се зголеми ризикот од дијабетес

Постојат многу фактори кои влијаат на појавата на дијабетес, вклучувајќи ги гените и начинот на живот. Според некои студии, исхраната богата со јаглехидрати е исто така поврзана со висок ризик од дијабетес.

Не ги внесувате потребните хранливи материи

Ако јадете тестенини неколку пати неделно, тоа може да значи дека ви недостига разновидност во исхраната и затоа ви недостасуваат клучните хранливи материи.

Наместо постојано да јадете исто, направете некои промени за вашето тело да ги добие потребните витамини и минерали. Можете исто така да пробате, да речеме, тестенини од леќа, хелда или интегрално брашно кои имаат повеќе влакна и протеини од обичните.

Зголемен ризик од срцеви заболувања

Доколку често јадете бели тестенини можно е да имате зголемен ризик од срцеви заболувања. Имено, една студија ги поврзува преработените јаглехидрати со зголемен ризик од срцеви заболувања.

Висок притисок

Една студија го поврзува јадењето преработени тестенини со високиот крвен притисок. Ова за возврат го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Најдобро е тестенините да бидат само повремен оброк.

Премногу калории

Ако јадете тестенини во ограничени порции, тоа не е поврзано со зголемување на телесната тежина. Но, тоа е храна со која често се прејадуваме, а со тоа внесуваме премногу калории, а тоа резултира со дебелеење.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе