Неодамнешниот преглед на литературата објавена во British Journal of Sports Medicine ја откри најдобрата вежба за крвен притисок.
Заклучокот е донесен врз основа на анализа на 270 студии кои опфатиле повеќе од 15.000 учесници. Истражувачите откриле дека сите форми на вежбање имаат позитивно влијание на крвниот притисок, но дека изометриските вежби, особено седењето на ѕид, имаат најдобар ефект.
Изометриските вежби се вид на статични вежби кои бараат одржување на положба под напнатост без поместување на зглобовите.
„Кога се изведуваат правилно, изометриските вежби можат да помогнат не само да ги зајакнат срцето и скелетните мускули, туку и да ја подобрат издржливоста“, вели личниот тренер Никол Родригес.
Кога правите изометриски вежби, го принудувате телото да се прилагоди на промената на притисокот и мускулната контракција, што може да помогне да се подобри крвниот притисок. Сепак, личниот тренер советува дека на постоечкиот тренинг треба да се додадат изометриски вежби, како седење на ѕид, штица и стоење во полу-чучнување, а не да се прават сами.
„Повеќето луѓе ќе имаат корист од додавањето изометриски вежби на постоечки план кој вклучува тренинзи за сила и кардиоваскуларни тренинзи. Ако правите само изометриски вежби, како сквотови на ѕид и штица, веројатно нема да уживате во тренингот“, вели Родригес.
За потсетување, изометриските вежби се познати и по бројните предности. Со изведување на овие вежби, ќе работите на подобрена мускулна издржливост, ќе имате затегнат изглед на мускулите, ќе ја подобрите рамнотежата и држењето на телото и ќе бидете под помал стрес. Тие исто така помагаат при контрола на тежината, влијаат на здравјето на зглобовите и ја зајакнуваат мускулната сила.