Кој друг, ако не Netflix: Нарачана спиноф серија на „Vikings“

Ако некој знае да препознае хит или максимално да го искористи моментот, тоа е Netflix.

Тоа го докажа и со најновиот бизнис потег – нарача спиноф серија на популарната „Vikings“, во која дејството се случува 100 години по она во оригиналната серија.

Стриминг платформата ја нарача спиноф серијата на популарната драма на History channel од оригиналниот креатор Мајкл Хирст.

Според Netflix, новата серија – „Vikings: Valhalla“ – „ги заокружува и драматизира авантурите на најпознатите Викинзи кои некогаш живееле – Лејф Ериксон, Фрејдис, Харалд Харада и кралот Вилијам Освојувачот кој има викиншко потекло. Овие храбри мажи и жени пробиваат нови патеки во нивните борби за опстанок во Европа која постојано се менува и евокуира. Ова е експлозивното ново поглавје во легендата за Викинзите.“

Хирст го планира Џеб Стјуарт (Die Hard, The Fugitive) за креативен директор на новата драма:

„Превозбуден сум што го најавуваме продолжението на нашата сага за Викинзите. Знам дека милиони фанови ширум светот ќе бидат пресреќни. Џеб Стјуарт е одличен писател, ќе донесе нови приказни и моќна визија за некои од најпознатите Викинзи во историјата.“

History се подготвува за емитување на шестата и последна сезона на серијата „Vikings“, почнувајќи од 4 декември.

Вистинска реткост е сосема друга компанија да ги добие правата за спиноф серија додека оригиналната уште активно се емитува, но од друга страна, тоа не е изненадување кога знаеме дека Netflix е вмешан во приказната.

„Vikings: Valhalla ветува дека ќе понуди сѐ што обожавателите сакаа кај оригиналната серија: енергична, возбудлива, моќна акција втемелена во длабоки ликови и драматична приказна што се врти околу семејството, лојалноста и моќта“, вели потпретседателот на одделот за оригинални серии на Netflix.

Поголемиот дел од членовите на оригиналниот тим на „Vikings“ се согласни да работат на новата серија, а продуцентите планираат повторно да снимаат во Ирска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе