Мажите вообичаено ги претставуваат како визуелни суштества кои сакаат да уживаат во тоа што го гледаат, но истражувањата покажуваат дека мирисите можат многу силно да делуваат на нив.
Убавите парфем делуваат неодоливо, а некои од нив имаат и голема заводничка моќ, но истражувањата покажуваат дека мажите најмногу се возбудуваат од природниот мирис на жените. Тоа особено се однесува на мирисот во најплодниот период односно меѓу 14-тиот и 16-тиот ден од циклусот.
Затоа, сексолозите порачуваат во тие денови од месецот, да го оставите парфемот и да му дозволите на партнерот да ужива во уникатниот природен мирис.