Живот

Кој е најголемиот страв на Бил Гејтс?

5. септември 2019 - 8:57 | М.С.

Американскиот милијардер во новиот документарец на Netlix, „Inside Bill’s Brain: Decoding Bill Gates“, откри кој е неговиот најголем страв. 

Најголемиот страв на Бил Гејтс е дека неговиот мозок ќе престане да работи. 

Но, некои работи за тоа како работи мозокот на Гејтс можат да се најдат во краткиот трејлер на серијата објавена во четвртокот.

„Гејтс е мултипроцесор“, вели неговата сопруга Мелинда, во емитувањето на филмот.

„Тој ќе прочита нешто, но во исто време ќе прави и нешто друго. Тоа е хаотично“, вели Мелинда.

„Гејтс успева во комплицираните работи“, вели Мелинда.

„Тој прави рамка во неговиот ум и тогаш започнува да ги сортира податоците. Ако нешто не му одговара, тој навистина се фрустрира“.

Таа додава дека тоа е страшно.

„Но, кога е сам, тој може да спои идеи кои на никој не би му текнало дека се споиви“, вели сопругата на Гејтс.

Идејата за рамка е нешто што го спомна самиот Гејтс, опишувајќи како работи и размислува.

 

 

Објаснувајќи како се сеќава на она што ќе го прочита, Гејтс вели:

„Ако доволно читате, ќе забележите дека постои сличност помеѓу нештата, бидејќи една работа е слична на друга. Ако имате широк видик, тогаш знаете како да ги составите работите".

Според објавениот трејлер, Гејтс гледа на проблемите од вообичаените агли, што му овозможува да е инвентивен..

Покрај сериозните теми, документарниот филм открива и неколку интересни факти за Гејтс, како што се: неговата омилена храна, дали појадува, кое е неговото омилено животно.

Коментирај