Овие три автомобили можеби не се директни ривали, а припаѓаат и на различни ценовни групи, но имаат една заедничка работа: тие се направени за бескомпромисно уживање во возењето, а сепак се легални за возење на јавните патишта.
Најевтиниот од моделите, Mustang Shelby GT350R чини околу 60.000 долари, а располага со 5.2 литарски V8 мотор што испорачува 562 коњски сили. Најскап е моделот на Porsche, кој чини околу 200.000 долари, а овој 911 GT3 RS, има шест цилиндри во 4.0 литарскиот мотор што испорачува 500 коњски сили.
Најмоќниот од трите автомобили е Viper ACR кој од својот 8.4 литарски V10 агрегат, испорачува 645 коњски сили.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=oECafFch5mU]