Кој е вистинскиот избор: Alpine A110 или BMW M2 Competition?
Оваа година бевме сведоци на промоција на неколку атрактивни спортски модели а помеѓу највпечатливите се најдоа два автомобили од сегментот на мали спортски купеа: Alpine A110 и BMW M2 Competition. Кој од нив е подобриот избор? Ќе пробаме да дадеме одговор на тоа прашање.
Францускиот Alpine A110 има средишно сместен мотор, алуминиумска шасија и спартанска изработка која помогна масата да се сведе на минимум. Ова мало спортско купе го придвижува 1,8-литарски мотор со 250 коњски сили, но неговата предност е во тоа што е половина тон полесен од моделот на BMW. Од друга страна, адутот на BMW има моќен шестоцилиндричен агрегат од M4 со импресивни 404 коњски сили.
Без сомнение овие два модели го симнаа од тронот малото спортско купе Porsche Cayman, но кој од моделите изгледа како вистинскиот избор? Оставете го името на вашиот фаворит во коментарите.