Живот

Кој ќе го наследи имотот на Џефри Епстин?

19. август 2019 - 10:37 | Б.С.Б.

По смртта на милијардерот и финансиер Џефри Епстин, кој се обеси во затвор, вниманието на јавноста е насочено кон неговиот помлад брат Марк Епстин, кој најверојатно ќе го наследи неговото богатство. Џефри не беше оженет и нема деца.

Овој поранешен уметник стана крал на недвижностите, а станот на Флорида го понуди како гаранција за кауцијата на брат му. Негираше било каква поврзаност со обвинувањата, но најмалку една недвижнина на Марк се појавува во обвинувањата за сексуална трговија со луѓе против Џефри Епстин.

Необјаснетото богатство на Марк ќе биде дел од понатамошни истраги околу поврзаноста со криумчарењето, иако тој тврди дека се пензионирал на 39 години и дека стотици илјади долари има донирано во хуманитарни цели. Адвокатите на жртвите на Џефри Епстин нагласуваат дека ќе продолжат со тужби кои ќе се одразат и на неговиот имот, а најверојатно ќе вклучат и пари кои би требало да ги наследи неговиот брат.

Покрај недвижнини во Њујорк, Епстин има и недвижнини во Палм Бич, Флорида како и недвижнини за изнајмување во Њујорк. Не е јасно дали тој ќе ги наследи палатата на брат му во Њујорк, имотот на Флорида и приватниот остров на Карибите, бидејќи не е познато колкава отштета ќе добијат оние кои го обвинуваат неговиот брат за сексуално насилство и трговија со луѓе.

Коментирај