Љубов и секс

Кој повеќе ужива во сексот - мажите или жените?

25. октомври 2019 - 15:41 | М.С.

Ова е вечно прашање кога станува збор за сексот - кој повеќе ужива и кој има подобар оргазам. И мажите и жените велат дека тоа чувство е неверојатно и дека не може да се опише. Меѓутоа, дали е навистина точно дека едниот пол ужива повеќе од другиот?

Главниот проблем се јавува кога ги споредуваме машкиот и женскиот оргазам.

Машкиот оргазам е пократок и трае 3-10 секунди, додека женскиот трае 20 секунди. Меѓутоа, мажите побргу доживуваат оргазам, додека на жените им треба повеќе време.

Што е подобро- јачината на оргазмот или неговата зачестеност?

Многу универзитети спроведуваат истражувања за да откријат чиј оргазам е подобар. Тие тргнаа од разликите, но крај заклучија дека машкиот и женскиот оргазам се слични.

Иако има разлики во траењето, машкиот и женскиот оргазам имаат исто влијание на телото. И мажите и жените се чувствуваат поспано после оргазмот затоа што во мозокот се лачи пролактин.

И двата пола исто така доживуваат краток „нервен шок“ кој поминува низ целото тело и на некој начин се чувствуваат исцрпено.

Начинот на кој оргазмот влијае на мозокот е ист и кај мажите и жените, сите центри подеднакво работат при овој чин.

На жените им треба повеќе време за да доживеат оргазам, но уживањето е продолжено.

Кој е повеќе возбуден?

Секогаш прво ќе помислите на мажите. Но, и жените имаат подеднакво голема желба за секс и уживаат во него.

Коментирај