Кој привлече најмногу внимание на овогодинешната Мет Гала?

Кајгана
/ 14.09.2021 / 14:43

Синоќа се одржа манифестацијата Мет Гала, а многу од познатите дами носеа креации на светски познатите дизајнери.

Мет Гала и Мет Бал е манифестација на која се собираат средства за Музејот на уметноста Метрополитен во Њујорк. Секоја година се одбира тема, а од гостите се очекува да одберат пригодна свечена облека.

Овогодинешната тема беше "In America: A Lexicon of Fashion" и целта беше да се прикаже историјата на американската модна индустрија во што подобро светло.

Па така, актерката Емили Блант се појави на црвениот тепих носејќи Miu Miu фустан преку кој имаше бела наметка. Носеше дијамантска нараквица и обетки. Изгледот беше инспириран од Хеди Ламар, актерка и ѕвезда на филмот “Ziegfeld Girl” oд 1941 година.

URL

Манекенката Иман Боуви стигна во дизајн на Харис Рид со златен украс на главата, за кој биле потребни 400 часа работа за да биде готов. Рид изјави: „Се обидов да ја замислам најубавата жена на светот и веднаш на памет ми падна Иман”.

Remote video URL

Манекенката Кендал Џенер се појави во дијамантски фустан на Givenchy. Инспирацијата е од Одри Хепберн во филмот „My Fair Lady” oд 1964 година.

URL

Поп ѕвездата Били Ајлиш се одлучи за грациозна креација на Оскар де ла Рента. Многумина ја споредија со Мерилин Монро.

URL

Ријана се појави во фустан на Balenciaga, а на главата носеше украс направен од 267 каратен дијамант.

Манекенката Џиџи Хадид носеше сатенски фустан на Prada, во комбинација со црни ракавици.

Remote video URL
Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Стил

Наоми Кембел во Кан блесна во фустан што првпат го носеше во 1996 година

Read more

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе