Фит

Кој тренинг одговара на вашиот карактер?

19. септември 2019 - 13:02 | М.С.

Дали себеси се опишувате како интроверт или како екстроверт? Вашиот карактер може да влијае на тоа колку ќе бидете истрајни во намерата да вежбате и живеете здраво. Ако одберете тренинг кој не е во склад со вашата природа, тогаш имате ризик од: неуспех, откажување и умор.

Затоа треба да изберете физичка активност која ќе ве инспирира да постигнете резултати.

Тренинг за екстровертни личности

Танц

Екстровертите ги сакаат активностите како што е зумба, затоа што фокус на овој вид на тренинг е забавен.

Индивидуален тренинг

Екстровертите сакаат предизвици и нови работи. Затоа индивидуалните тренинзи се одличен избор, затоа што инструкторот може да се прилагоди според нив.

Тренинг за интроверти

Тренинг со висок интензитет (HIIT)

„На интровертите им го препорачувам овој вид на тренинг затоа што тоа е одличен начин за кратко време да согорат голем број калории, а за вежбањето не е потребен партнер. Овој тренинг може да го практикувате и дома“, вели личниот тренер и нутриционист Тон Џенан за Metro.

Јога или пилатес

Повеќето интроверти се чувствуваат исцрпено после тренингот. Ако тоа е и вашиот случај, обидете се да вежбате јога или пилатес. Овие активности не се толку интензивни, но се одлични за подобра флексибилност и зајакнување на телото.

Коментирај