Која е Ева Каили, европратеничката фатена со вреќа катарски пари?

Локалните избори се своевидна отскочна даска во Грција, идеална за „префрлање“ на поважна функција. Во Атина, Алексис Ципрас се најде на насловните страници откако се кандидираше за градоначалник во 2006 година и освои повеќе од 10% од гласовите за неговата левичарска партија. Стана премиер во 2015 година и управуваше со Грција четири години.

Во Солун, вториот по големина грчки град, токму во тоа време луѓето почнаа да зборуваат за една млада жена - Ева Каили. Студентка по архитектура, која од 2002 година беше градска советничка на клубот на социјалдемократските претставници на подоцнежниот министер за безбедност Спирос Вугиас, кој предава на Универзитетот, каде што ја забележал Каили. Младата социјалистка стана најмладата градска советничка во историјата на Солун – а „покрај тоа и најубавата градска советничка“, пишуваше тогаш грчкиот весник Proto Thema.

Смее ли некоја политичарка добро да изгледа? Дали Ева Каили е сведена на својот изглед? Ова се прашања кои вечно ја следеа младата Гркинка во нејзината кариера. Во подоцнежното интервју за атинскиот неделник Parapolitika, таа рече:

„Беше тешко да се соочам со тој менталитет. Но, така научив да си поставувам поголеми цели за себе. Можеби немаше да работам толку напорно ако не требаше да докажувам нешто“, пишува во профилот направен на Deutsche Welle за Ева Каили.

Градска советничка

Нејзиниот прв ментор, Спирос Вугиас, има репутација на префинет бонвиван, кому му се туѓи политичките заобиколувања. Но, тој има многу добри односи со новиот шеф на социјалистичката партија ПАСОК, Јоргос Папандреу. Од ова има корист и новоизбраната градска советничка. На парламентарните избори во 2004 година, Ева Каили доби пратенички мандат за социјалистите - како една од најмладите пратенички во историјата на Грција. Тоа беше огромно изненадување. Но, таа мораше да се откаже од својот мандат.

Врз основа на Изборниот закон, на лидерот на партијата Папандреу му беше дозволено да се кандидира во неколку изборни единици и дури по објавувањето на резултатите да одлучи која област ќе се „брои“. И покрај сите очекувања, се одлучи за Солун. И така Каили не успеа да влезе во парламентот.

Кратка „екскурзија“ во новинарството

Потоа, несудената парламентарка почна да гради кариера како ТВ-водителка, заврши шестмесечен курс во атинската Ергастири (лабораторија) за новинарство. Во тоа приватно училиште се обучуваа генерации и генерации грчки новинари. Обуката не е лесна. Апсолвентите од училиштето често почнуваат од нула, морајќи да работат неколку ниско платени работни места додека не успеат да се наметнат на жестокиот атински медиумски пазар. На Каили, сепак, не ѝ се закануваше таква судбина. Уште пред крајот на курсот, таа доби можност да го води пладневниот магазин на водечката грчка ТВ-станица MEGA. Шансите ѝ беа многу добри.

Во подоцнежното интервју на MEGA, младата политичарка во залет зборуваше за тоа колку била „тажна“ кога Папандреу го зел за себе мандатот освоен во Солун. Тој, рече таа, ја донел таа одлука очигледно и затоа што очекувал младата политичарка да му прави помалку проблеми од некои постари, етаблирани социјалисти. Дали тоа беше вербален удар врз шефот? Во секој случај, Каили рече дека се чувствувала „мотивирано и пркосно“ во тоа време.

Сексистички напад

Нејзината шанса дојде малку подоцна. Ева Каили повторно доби пратенички мандат во 2007 година, но потоа ѝ беше дозволено да го задржи. Многу сопартијци ја дочекаа со скептицизам. Тонот стана доста остар за време на грчката должничка криза. Откако премиерот Папандреу во 2011 година најави референдум за условите што ги диктираа кредиторите на Грција, по што беше критикуван од партнерите од ЕУ, дојде до раскол со министерот за финансии Евангелос Венизелос.

Каили изненадувачки застана на страната на Венизелос, по што се најде на мета на голем број високи социјалисти. На кризната седница на Клубот на пратениците ПАСОК, тогашниот генерален секретар на партијата Сократес Ксинидис ја нарече младата парламентарка „курва“.

Премиерот Папандреу не сметаше дека е потребно да реагира. Иако Каили бараше поведување внатрепартиска дисциплинска постапка, овој вербален напад никогаш не беше казнет. Ксинидис во меѓувреме ја напушти политичката сцена. Во подоцнежното интервју за весникот To Vima, Каили рече дека тој требало, пред сè, да им се извини на своите гласачи.

Нова кариера во Европа

На европските избори во 2014 година започнува ново поглавје за социјалистката Каили. Таа стана претставник на ПАСОК во Брисел. Претставниците на ЕУ од Грција обично често се обидуваат да станат членови на престижниот Комитет за надворешни работи, но Каили повеќе се фокусира на индустриската и трговската политика. Без разлика дали се работи за дигитализација, електромобилност или гео-блокирање, Каили е секогаш таму некаде - дури и како претседателка на влијателниот панел за управување со иднината на науката и технологијата (STOA). Во јануари годинава со големо мнозинство гласови на функцијата потпретседателка на Европскиот парламент беше избрана токму Гркинката.

Меѓу претставниците на ПАСОК во Брисел е Никос Андрулакис, млад инженер од Крит. Двајцата се многу различни: Андрулакис доаѓа од скромно потекло, на прв поглед е повлечена личност, како политичар се залага за враќање на социјалистичките вредности. А дека има голем политички талент, стана јасно во декември 2021 година, кога Андрулакис беше избран за нов претседател на грчките социјалисти - го победи и поранешниот премиер Папандреу.

Потоа се смени односот на силите во Брисел. Каили во претходните години можеше да се нарече „претседателка на клубот на пратеници на ПАСОК во Европскиот парламент“, но таа во реалноста беше шефица на фракцијата која брои двајца пратеници. А сега нејзиниот шеф е Андролакис. После тоа, грчкиот печат често пишува за кавгите меѓу двајцата. Следеше раздор во текот на летото, кога Андрулакис се прогласи за жртва на скандал со прислушувањето, по што Каили се огради од него.

„Тројански коњ“

По објавувањето на последните обвинувања за корупција, шефот на социјалистите многу брзо реагираше. Тој ја исфрли Каили од партијата и ја нарече „тројански коњ на конзервативците“, кои моментално владеат со Грција. Жалбите за корупција беа последната капка, изјави Андрулакис за атинската ТВ-станица Alpha, без да открие никакви детали. Дали се основани сомнежите за корупција или не? Првиот човек на Социјалистичката партија не сака јавно да суди за тоа.

Неговиот заклучок: „Јас не сум судија, не го знам тоа, но морав да донесам одлука да ја заштитам нашата партија“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе