Која е Мекензи Безос, жената која зеде 36 милијарди долари во разводот од најбогатиот човек на светот?

Мекензи Безос 25 години беше во брак со основачот на Amazon Џеф Безос. Во далечната 1996 година делела канцеларија со помлад вработен во простор што бил дел од кујната на компанијата. Работела 12 часа на ден во одделението сметководството на Amazon, а ноќе одела во магацинот да пакува нарачки.

„Таа даде голем придонес во компанијата. Навистина е талентирана, но по малку се изгуби во улогата на сопруга на милијардер“, вели Мајк Хенлон, вработен во Amazon.

Мекензи Безос е жена која учествуваше во трансформацијата на малата онлајн книжарница во гигантот што е денес – компанија за онлајн трговија чија вредност се проценува на повеќе од 1 илјада милијарди долари.

Иако никогаш не сакала да биде во центар на внимание, веста за разводот од Џеф шокираше многумина, особено бидејќи тој веднаш јавно обзнани дека се забавува со друга жена.

Родителите на четири деца потпишаа развод во јули, а Мекензи со тоа доби 25% од акциите во Amazon. Тој удел моментално вреди 36,1 милијарда долари, што е доволно за да ја пласира Мекензи на 15-то место на листата најбогати жени според Forbes.

„Требаше да добие 50%. Сепак, Мекензи беше рамноправен партнер по основањето на компанијата“, рече Ник Ханауер, еден од првите инвеститори во Amazon.

Новинарите на Forbes се обидоа да дојдат до повеќе податоци за оваа мистериозна жена, па контактираа стотина нејзини пријатели и поранешни колеги.

Тие им дадоа информации што составуваат една нејасна слика за жената која навистина си ја сака приватноста и прави сѐ за да ја заштити.

Она шо го открија беше дека таа тивко се истакнувала во секоја фаза од животот.

Мекензи израснала во Сан Франциско како средно дете во семејството. Кога имала шест години напишала книга од 142 страници и ја нарекла „The Book Worm“. Родителите ја испратиле во интернатот Хочкинс во Конетикат, каде матурирала.

Студирала на Кембриџ, па на Принстон, каде дипломирала. Менторка за дипломскиот труд ѝ била нобеловката Тони Морисон.

Нејзините професори тврдат дека секогаш била добро расположена, но многу тивка.

По дипломирањето се вработила во фондот D.E. Shaw, каде почнала да се дружи со Џеф Безос. Таа била вклучена во создавањето на компанијата Amazon од самиот почеток, каде вложила сѐ што знаела.

Од компанијата се повлекла кога прв пат беа понудени нејзини акции на берзата во 1997 година. Изминатите 20 години од нејзиниот живот се вистинска мистерија за јавноста.

Во 2018 година заедно со Џеф издвоија 2 милијарди долари за борба против бездомништвото и дадоа поддршка на непрофитни установи за деца од предучилишна возраст. По потпишувањето на разводот Мекензи рече дека ќе донира половина од нејзиното богатство во хуманитарни цели, но не кажа на кои организации конкретно.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе