Здравје

Која храна не треба да се подгрева во микробранова печка?

4. ноември 2019 - 18:38 | М.С.

Микробрановата печка е едноставна за употреба затоа што на брз начин може да ја подгреете храната, a секој од вас сака брз и топол оброк со малку труд. Но, постојат намирници кои никогаш не треба да ги подгревате во микробрановата печка.

Која храна не треба да се подгрева во микробрановата печка?

Ориз

Погрешното подгревање на оризот може да предизвика труење со храна која е предизвикана од бактеријата bacillus cereus. Доколку сакате да подгревате ориз кој стоел во фрижидер, оставете го првин на собна температура околу еден час.

Оризот кој стои во фрижидер повеќе од еден ден, немојте да го подгревате во микробрановата печка.

Лути пиперки

Лутите пиперки никогаш не треба да ги подгревате во микробранова, затоа што содржат капсаицин. Кога ќе ги ставите во микробранова печка на екстремно висока температура, предизвикуваат испарување на тие состојки. Пареата која ја испуштаат лутите пиперки може да биде многу интензивна т.е да ве пече за очите и грлото.

Брокула

Доколку ја загревате брокулата во микробранова печка, таа ќе изгуби 97 проценти од хранливите состојки.

Компир

Компирот кој веќе е зготвен не треба да го подгревате во микробранова печка. Компирот содржи clostridium botulinum, бактерија која може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Во микробрановата печка никогаш не треба да подгревате јајца, смрзнато овошје, сос од домати, месо, леб, спанаќ, целер и храна која претходно е подгревана.

Печурки

Печурките се подложни на бактерии и други микрооганизми. Доколку не планирате да ги изедете, подобро искористете ги за друго јадење или фрлете ги.

Погледнете го видеото за да видите што уште не треба да подгревате во микробрановата печка.

Коментирај