Фит

Колку долго може да паузирате со вежбање без да ја изгубите кондицијата?

2. декември 2019 - 11:46 | М.С.

Редовниот тренинг е важен доколку сакате да одржите кондиција, да ги набилдате мускулите и да слабеете. Добра вест е дека одморот нема да ви наштети кога кондицијата е во прашање, а еве зошто е тоа така.

Одморот кој трае неколку денa не мора да значи дека ќе им наштети на вашите постигнати резултати. Понекогаш е добро да одвоите неколку дена за одмор, за да се ослободите од болката и да се одморите од напорниот тренинг.

Знаци дека на вашето тело му треба одмор

Знаци дека ви треба одмор се постојан замор или физичка исцрпеност, болка која не престанува, немате напредок, немате мотивација, здодевно ви е, повредени сте и не помислувате на вежбање.

Всушност, не мора да стагнирате. Искористете го времето за одмор за да се ослободите од вообичаената рутина, може да пешачите, да возите велосипед, да танцувате, планинарите, играте фудбал или да работите во градината.

Враќање во теретана

Дури и доколку одвоите неколку денови за одмор, треба да знаете дека кога ќе се вратите во теретана, мускулите нема да ви се активираат веднаш. Доколку не тренирате веќе подолго време, не претерувајте со вежбање уште на првиот тренинг.

Иако ви се чини дека сте изгубиле многу, доколку ги следите потребните насоки, вашето тело ќе се врати во форма побрзо отколку што мислите.

Совети

Започнете едноставно, поранешната рутина заменете ја со лесни вежби, употребувајте помала тежина и вежби со послаб интензитет. Дајте му време на вашето тело за да се врати во форма и да продолжите таму кај што сте застанале. 

Вежбајте помалку денови во неделата за да вашето тело оздрави и зајакне. Потоа, зголемувајте го интензитетот од недела во недела. 

Коментирај