Колку е сексот за една вечер добар за менталното здравје?

Сексот во врска го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, ја намалува депресијата и го подобрува имунитетот. Но, дали важи истото и кога станува збор за секс за една вечер?

Истражувањата често ги поврзуваат повремените сексуални односи со грижа на совест, ниска самодоверба и психички немир, особено кај жените. Додека мажите жалат за сексот што го пропуштиле, жените често жалат за сексот за една вечер.

Ова го потврдува истражување направено на оваа тема во Канада. Мажите најчесто жалат од физички причини, на пример затоа што нивниот партнер не е доволно привлечен. Жените изразиле жалење бидејќи подоцна се покајале и се обвинувале себе си затоа што се согласиле на секс за една вечер.

Истражувањата имаат различни дефиниции за секс за една вечер, од секс со личност која ја познавате помалку од 24 часа до пријател со привилегии.

Некои од овие истражувања покажале дека и мажите и жените се чувствуваат депресивно, осамено и искористено по овие средби, а други покажале дека овој чин предизвикува повеќе позитивни отколку негативни емоции. Психолозите тврдат дека сексот за една вечер може да ја подобри општата состојба зголемувајќи ги самодовербата, сексуалното задоволство и чувството дека сте сакани.

Мажите и жените различно го доживуваат сексот за една вечер, но крајниот заклучок е да не се впуштате во ова доколку сакате повторно да ја видите истата личност.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе