Колку интернет корисници има во светот?

Во модерниот свет во кој живееме, пристапот до интернет е нешто особено важно - тешко е да се замисли животот без овој речиси неограничен пристап до информации и можност за лесно поврзување со луѓето. Па колку луѓе во светот ја имаат оваа можност и ја користат?

Најновото истражување на Facebook, покажува дека заклучно со крајот на минатата, 2015-та година, во светот имало 3,2 милијарди корисници на интернет.

Според годишниот извештај на компанијата, „State of Connectivity“, над 200 милиони луѓе добиле пристап до интернет во изминатата година. Сепак, остануваат околу 4,1 милијарди луѓе во светот кои немаат пристап до интернет.

Урбаните зони се поврзани на интернет, но многу рурални области не се. Колку помалку пари имате, толку се помали шансите да бидете онлајн. Во многу држави, жените многу помалку користат интернет од мажите. Па дури и целиот свет да живее блузи потребната инфраструктура за интернет, речиси една милијарда луѓе не се доволно писмени за да користат интернет и бенефициите на поврзаноста онлајн“, пишува во извештајот.

За да се подобри конектираноста во светот и да се овоможи пристап до интернет насекаде и на секого во светот, е голем предизвик. Потребна е иновација и инвестиција од големите компании во светот.

Еден таков проект токму на Facebook е Internet.org, што би требало да овозможи бесплатен интернет во сите делови на светот, кој вклучува дури и соларни дронови што ќе зрачат интернет на непристапните делови. Желбите и очекувањата на оваа компанија се дека секоја година бројот на корисници постојано ќе се зголемува и ќе дојде момент во иднина кога сите луѓе ќе бидат поврзани на интернет. 

реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе