Колку кафе дневно може да има позитивно влијание за здравјето?

Научниците конечно се сложија околу количината на кафе која ни овозможува да го извлечеме најдоброто од кафето.

Повеќе корист отколку штета од кафе ќе имаат луѓето кои пијат три до четири шолји во текот на денот, бидејќи таа количина ќе им го намали ризикот од прерана смрт и кардиоваскуларни болести, во однос на ризикот кај лицата кои воопшто не пијат.

Истражување кое ги споредило податоцитете со 200 истражувања спроведени од порано покажало дека умереното консумирање на кафе го намалува и ризикот од дијабетес, заболувања на црниот дроб, деменција и поединечни видови на канцер.

Научниците заклучиле дека е најдобро да се пие три до четири шолји кафе дневно, освен ако станува збор за трудници или лица за кои од порано е утврдено дека имаат висок притисок.

Новото истражување е спроведено во Универзитетот Саутемптон, а во кое се проучувало 200 поранешни истражувања и 17 клинички студии го водел доктор Робин Пол, со цел подобро да се разбере дејството на еден од најомилените напитоци на луѓето во светот.

„Кафето е безбедно во рамките на вообичаените обрасци на консумација“, стои во истражувањето, објавено во Британски медицински журнал.

Доколку кафето умерено се консумира според споменатата количина, поврзано е со низок ризик од смрт и од болести на срцето.

Според ова истражување, пиењето на повеќе од три шолји кафе дневно не наштетило, но позитивните ефекти на здравјето се послабо изразени.

Сепак, би требало да се земе во предвид фактот дека ова не се однесува на кафето со различни додатоци кои се богати со преработени шеќери и нездрави маснотии.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе