Колку се штетни електронските цигари?

Веќе со месеци се шпекулира околу влијанието на електронските цигари врз нашето здравје, а сега и резултатите на новите истражувања покажале дека електронските цигари кои содржат никотин предизвикуваат висок притисок, го забрзуваат срцевиот ритам и предизвикуваат срцеви заболувања.

Додека според едни електронските цигари се поздрави од обичните, новите истражувања фрлаат сенка на овие тврдења. Имено, истражувањата од институтот Каролинкс во Стокхолм покажале дека оние кои користат е-цигари со никотин имаат тројно поголеми шанси да добијат некое срцево заболување.

„Бројот на електронските цигари во последните неколку години се зголеми, а сите тврдат дека тие немаат никакво влијание врз здравјето. Тоа од секогаш беше дискутабилно, а сега конечно имаме докази околу штетните дејства на овие електронски цигари со никотин“, вели доктор Магнус Лундбек.

Инаку, истражувањето опфатило 15 млади лица, здрави волонтери на возраст од околу 26 години. Сите пушеле до десет цигари месечно, обично на излегување, а електронски цигари претходно немале ниту пробано.

Во рамките на ова истражување користеле електронски цигари- еден ден оние со никотин, а друг ден оние без никотин.

После ова, кај нив било забележано губење на еласатичноста на артериите, што според доктор Лундбек е состојба која на подолг временски интервал со користење на овие електронски цигари може да доведе до бројни хронични заболувања.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе