Колку време треба да вежбате за да се отстрани штетата од седењето цел ден?

А.С.
/ 22.01.2022 / 12:14

Познато е дека седењето по цел ден е лошо за вашето здравје.

Експертите дури почнаа да го користат терминот „седечка болест“, поврзувајќи го со зголемени здравствени проблеми и ризик од рана смрт.

Што можеме да направиме? Задолжително вежбајте 30 до 40 минути дневно.

Здравствената штета и ризикот од рана смрт поврзана со долготрајното седење може да се компензираат со надминување на минималното препорачано ниво на физичка активност за една личност, што е 150 минути умерено вежбање или 75 минути интензивно вежбање, вели Светската здравствена организација (СЗО) во новите глобални упатства за физичка активност и седечко однесување објавени во специјално издание на British Journal of Sports Medicine.

Нивната препорака доаѓа по прегледот на истражувањето, што вклучува девет студии. Повеќе од 44.000 мажи и жени носеа уред за следење активност десет години. Оние кои поминувале 10 или повеќе часа дневно седејќи имале значително поголем ризик од рана смрт. Овој ризик беше особено изразен кај луѓето кои беа генерално физички неактивни.

Според студијата, луѓето кои биле активни 30 до 40 минути дневно имале значително помал ризик од рана смрт, како и оние кои седеле кратко време во текот на денот. Умерена физичка активност е секоја што го забрзува пулсот, но ви овозможува да продолжите со разговор. Интензивната активност толку многу го забрзува отчукувањата на срцето што ви е тешко да дишете. Сè уште можете да зборувате, но само со кратки реченици.

„Овие упатства беа издадени навремено, имајќи предвид дека сме во средина на глобална пандемија, која долго време ги затвора луѓето и го охрабрува седечкото однесување“, рече професорот Емануел Стаматакис од Универзитетот во Сиднеј во соопштението за печатот.

„Луѓето сè уште можат да се заштитат себеси и, како што нагласуваат упатствата, секоја физичка активност е важна и секоја количина е подобра од никаква“, заклучи тој.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе