Живот
Тажна статистика

Колку заработуваат писателите?

10. јули 2014 - 15:34 | Д.Л.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Квин Мери покажува дека навистина се дојдени тешки и загрижувачки моменти за авторите.

Според истражувањето на Здружението Authors' Licensing and Collection Society (ALCS) од Велика Британија, професионален писател во просек заработува 11.000 фунти годишно. Бројот на авторите кои цела година се занимаваат со пишување се намалил од 40% од сите писатели во 2005 година на само 11,5% оваа година. Во истражувањето  учествувале 2.454 писатели.

Просечните примања на писателите во 2005 година изнесувале 12.330 фунти годишно.

„Добро е што конечно имаме податоци и претстава за тоа колку малку заработуваат писателите во денешно време. Не може секој да биде писател на бестселери и да се збогати со пишување, но сите автори би требало да бидат чесно платени за својата работа”, смета писателката Џоан Харис.

Сепак, постои надеж за писателите, а тоа е дигиталното издаваштво. Самоиздаваштвото исто така стана популарна метода кон која се свртеа многу современи автори. Дури 25% од писателите самите ги издаваат своите дела. Околу 90% од нив позитивно се изјасниле за овој потфат и сметаат дека повторно самите би издале книга.

Коментирај