Колумбија: Отпуштени десетици воени лица обвинети за силување малолетнички

МИА/КАЈГАНА
/ 04.07.2020 / 09:49

Колумбиската војска соопшти дека отпуштила 31 припадник на армијата, обвинети за сексуално злоставување или насилство врз малолетнички.

Од 2016 година војската води истрага против најмалку 118 свои припадници по обвиненија за силување на малолетнички.

– Од институциите се отстранети 31 припадник – 12 подофицери и 19 војници. Административната мерка е преземена согласно правните норми и одлуката на началникот на војската, се наведува во военото соопштение.

Обвинетите ги очекуваат дисциплински и кривични истраги, кои можат да резултираат со затворска казна.

Најнов случај на сексуално насилство од страна на воени лица во Колумбија, што ја разгневи јавноста, беше силувањето на 12-годишно девојче од домородното племе Ембера.

Јавноста бара војниците, кои го признаа обвинението за „насилен сексуален однос“, да добијат максимални затворски казни, а на социјалните мрежи се изразува загриженост дека правдата нема да биде задоволена.

Законот предвидува 16 до 30 години затворска казна. Војниците, кои беа отпуштени од службата, се формално обвинети и ги очекува судење како цивили.

Овој случај одново го стави фокусот на сексуалното насилство врз домородните жени и девојки во Колумбија, кое според племенските водачи и групите за човекови права останува „невидливо за законот“ и злосторниците честопати не се гонат, особено ако се припадници на војската.

Армијата демантираше дека постоел систематски обид за прикривање на војниците вмешани во чинот на сексуално насилство врз малолетни девојки.

Колумбиската војска има 240.000 припадници.

Тагови
реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе