Фит

Комбинираниот тренинг го намалува ризикот од повреди кај тинејџерите

6. ноември 2019 - 16:23 | М.С.

Тинејџерите кои тренираат неколку спортови имаат понизок ризик од повреди во однос на оние кои се фокусираат само на еден спорт.

Најновата студија вклучи повеќе од 1.100 тинејџери кои тренираат кошарка, фудбал и одбојка.

Меѓу нив, повеќето беа на средношколска возраст, додека некои беа студенти.

Авторот на студијата, Кристофер Цесаре, рече дека тинејџерите кои се одлучуваат само за еден спорт како што е кошарка, одбојка, фудбал, можат да имаат проблеми во развојот.

Фокусирањето на еден спорт може да резултира со деформитети на координација на колковите, колената, во тек на динамичните активности како што се скокање или потенцијални повреди кои го менуваат животот.

Health24 пишува дека тренирањето на повеќе спортови може да ја подобри координацијата кај девојчињата и дека оние кои се специјализираат за еден спорт имаат поголем процент на повреди на колковите и колената.

Затоа, најдобро е доколку се одлучат за еден спорт, барем да биде во комбинација со полесен кардио тренинг или фитнес.

Но, поради многубројните активности, тешко наоѓаат време за комбиниран тренинг, па затоа се посветуваат само на еден спорт.

Коментирај