Филм & ТВ

Комедијата „Good Boys“ го освои бокс-офисот

19. август 2019 - 9:22 | Б.С.Б.

„Big Boys“, филм со буџет од 20 милиони долари, го освои северноамериканскиот бокс-офис со заработка од 21 милион долари во првиот викенд на прикажување.

Сет Роген е продуцент на комедијата, додека режисер е  Џин Ступински. Главните улоги ги толкуваат Џејкоб Трембелј, Кит Л. Вилијамс и Брејди Нун. На меѓународно ниво филмот заработи 2,1 милиони долари и може да се пофали со заработка од 23,1 милион долари од премиерното прикажување.

Премиерата на „The Angry Birds Movie 2“ се најде на четврто место со заработка од 10,5 милиони долари, додека премиерното прикажување на „47 Meters Down: Uncaged“ се најде на шестото место со заработка од 9 милиони долари.

Ова е целосната листа на најгледани филмови во текот на изминатиот викенд:

1. Good Boys – 21 милиони долари

2. Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw – 14,1

3. The Lion King – 11,9

4. The Angry Birds Movie 2 – 10,5

5. Scary Stories to Tell in the Dark – 10

6. 47 Meters Down: Uncaged – 9

7. Dora and the Lost City of Gold – 8,5

8. Once Upon a Time in Hollywod – 7,6

9. Blinded By the Lighr – 4,4

10. The Art of Racing in the Rain – 4,4 милиони долари.

Коментирај