Комеморација за актерката Билјана Беличанец во Драмски театар

Скопје, 9 април 2019 (МИА) – Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата.

Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали.

Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“;  „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии.

Во 1996 на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ја доби наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер за улогата на Медеја во истоимената претстава. Четири години подоцна доби награда за најдобар млад актер и на Мали и експериментални сцени во Сараево, за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“.

На прилепскиот фестивал Беличанец доби награди за најдобро актерско остварување – во 2009 за улогата Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Од 2013 до 2017 Билјана Беличанец извршуваше и функција градоначалник на скопската општина Кисела Вода.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе