Компаниите масовно го бојкотираат Трамп и неговите поддржувачи

Не само социјалните мрежи Facebook, Twitter или YouTube, туку и сè поголем број компании и институции објавија бојкот на претседателот Доналд Трамп.

Повеќе компании, универзитети и спонзори на политички партии ги прекинуваат сите врски со него и со републиканци кои го поддржуваа неговиот повик за непризнавање на резултатите од изборите. 

Некои од нив се Адвокатската комора на Њујорк, поради огромниот број поплаки што оваа организација ги добивала од однесувањето на нивниот член, Руди Џулијани, кој изминатите месеци жолчно ги бранеше тврдењата на претседателот дека изборите биле украдени. 

Врските со Трамп ги прекинува и П.Г.А еден од најважните голф турнири во САД. Претседателот на П.Г.А изјави дека го откажува голф турнирот што треба да се оддржи во голф клубот на Трамп во Њу Џерси во 2022 година. 

Четирите најголеми американски банки, „JPMorgan Chase“, „Goldman Sachs“, „Citigroup“ и „Morgan Stanley“ изјавија дека ги прекинуваат сите партиски донации, а истото го потврдија и Master Card и Visa, како и американските телекоми „AT&T“ и „Comcast“. 

Сите овие компании ги разгледуваат решенијата на нивните комисии за политички спонзорства. Најголем дел од нив ги прекинуваат донациите на републиканските конгресмени кои ги застапуваа повиците на Трамп да се оспорат изборните разултати утврдени од колеџот на електори на САД лани во декември.  

Компанијата „Hallmark“, на пример, замоли двајца републикански сенатори, Џош Хоули од Мисури и Роџер Маршал од Канзас, најголемите бранители на тврдењата на Трамп за изборна измама, да ги вратат спонзорствата. 

Хотелот Мериот, Кока Кола, и една голема осигурителна компанија го најавија истото – да прекинат со спонзорства за републиканците, кои му даваа поддршка на Трамп во поларизирање на масите, што доведе до упад на негови поддржувачи во американскиот Капитол.  

Неколку универзитети ги укинаа дипломите дадени на Трамп. Се работи за Универзитетот Лихај од Пенсилванија, каде Трамп дипломирал во 1988 година, и Универзитетот Вагнер во Стејтен Ајленд, што, иста така, му дал диплома на Трамп во 2004 година.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе