По многу години организирање и барање на вистинската екипа и студио за филмска адаптација на видео игрите „Uncharted“, може да кажеме дека филмот конечно е во развој.
Сценаристот Џо Карнахам сподели фотографија на Instagram, на која го гледаме сценариото за долгоочекуваниот филм - доказ дека филмот сигурно се случува. Џо Карнахам кој ги има напишано The A-Team, Smokin' Aces, Pride and Glory, (и режирано) The Grey, вели дека ова сценарио е најдоброто моментално во Холивуд.
Филмот за авантуристот Нејтан Дрејк е во продукција на Sony Picture, а ќе го режира Шон Леви (Real Steel, Night at the Museum, The Internship).
Плановите за „Uncharted“ филм постојат веќе неколку години, а со оглед на тоа дека игрите вклучуваат филмски сцени и се фокусираат на драмата, се чини како да се правени за големото платно.
Но како и за скоро секој претходен филм базиран на видео игра, транзицијата на филм почна тешко.
Детали околу актерите и почеток на снимањето на филмот, сè уште не се познати.