Концепти

Концептот Audi Q8 го најавува купе-SUV моделот на германскиот бренд

10. јануари 2017 - 11:36 | Д.П.

Audi на автомобилскиот саем во Детроит го претстави концептот Q8 кој го најавува доаѓањето на иден купе-SUV Модел. Концептот е замислен како најлуксузниот автомобил на компанијата, а го најавува моделот со кој Audi ќе се обиде да се пробие во сегментот во кој доминира BMW X6.

Планот е овој модел да се појави на пазарот во текот на 2018 година, а спроед компанијата треба да биде комбинација на спортски и секси линии со функционалност и луксуз на премиум SUV.

„Концептот ја покажува моќта на нашата технологија и на дизајнот, а нуди увид во идниот сериски модел. Поседува нови екрани и решенија за контрола на системот, а патниците ќе имаат сосема ново искуство“ - велат од Audi.

Head-up дисплејот (HUD) што се вградува е најголем во моментот, а ќе го добие следната генерација на A7. Во концептот е вградена и новата верзија на виртуелниот кокпит кој сега има нови функции и подобра резолуција. Двата нови екрани интегрирани во централната конзола се користат за управување со инфотејнмент системот, но и за разни други прилагодувања.

Внатрешноста нуди многу простор за четири лица кои се многу удобно сместени во четири индивидуални седишта.

Во поглед на моторите, концептот Q8 има plug-in хибриден систем, кој е комбинација од електричен и 3.0 литарски турбо бензински мотор. Силата се пренесува преку 8-степен автоматски менувач, а моторот испорачува 443 коњски сили и 700Nm максимален вртежен момент. Забрзувањето од 0-100 е за 5,4 секунди, а максималната брзина е 250 километри на час.

Благодарение на литиум-јонската батерија со капацитет од 17,9 kWh, концептот може да помине до 60 километри само на електричен погон. Полнењето на батериите трае 2,5 часа.

Концептот има Quattro погон на сите четири тркала и големи 23 инчни фелни. Очекувањата се дека кон крајот на оваа година ќе биде претставена и сериската верзија, додека продажбата треба да стартува во 2018 година.

Loading the player...

 

Коментирај