Конкуренцијата е сурова: Светски компании ги преземаат зделките на Huawei

Откако беа издадени забрани за Huawei од страна на американската влада, голем дел од пазарот се пренасочи кон искористување на оваа ситуација и тоа резултираше во преземање на работите на кинеската компанија. На пример, во последните три месеци Nokia потпиша 15 нови договори за испорачување на 5G опрема, а Huawei само 10, што претставува голем пресврт на пазарот.

Американската кампања против Huawei ја „урна браната“ за кинеската компанија, а од тоа профитираше Nokia, која би можела да ја искористи оваа шанса за да се врати на врвот на телекомуникационата индустрија.

Томи Уито, претседателот за мобилни мрежи во Nokia, за CNN Business изјави дека забраната од американската администрација кон Huawei ќе делува позитивно кон шансите на Nokia за сериозно наметнување како лидер во производството на телекомуникациска опрема.

Отворени можности

Уито истакна дека политичката ситуација која се создаде околу Huawei отвора можност за зголемување на пазарниот удел на Nokia. Досега на светскиот пазар Nokia потпиша 43 договори за испорачка на 5G опрема, додека кинескиот конкурент остана на 50 договори. Аналитичарите велат дека до крајот на март Nokia имала потпишано околу 30 договори, а Huawei 40, што сугерира на тоа дека финската компанија во последните три месеци освоила повеќе нови купувачи.

Блокада за кинескиот гигант

„Неколку држави го блокираа кинескиот конкурент и тоа отвори шанса за нас и нашата компанија“, изјави Уито.

Тој го истакна примерот со јапонскиот телекомуникациски оператор SoftBank, кој минатиот месец ги избра Nokia и шведскиот производител Ericsson како снабдувачи за 5G опрема. Претходно, Huawei го снабди SoftBank со 4G опрема, но поради скандалот со шпиунирање кој го отвори американската влада против него, SoftBank се реши да не потпише нов договор со Huawei.

Nokia е во преговори и со неколку компании кои снабдуваат мрежа на мали и рурални подрачја во САД, како би го замениле присуството на Huawei како главен снабдувач со 5G опрема. Покрај тоа, финската компанија им пристапи на уште неколку оператори со понуда да им послужат како „план Б“, во случај на дополнителни американски санкции над Huawei.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе