Конте им дели и сексуални совети на своите играчи

Звучи чудно, но стратегот на Интер на секој можем начин сака да го вади максимумот од своите фудбалери па дури и со совети за тоа како да не трошат енергија при секс.

Да, Антонио Конте освен тренерскиот занеат е и сексуален советник. Така барем се пофали во интервју за францускиот L'Équipe, дека им дели сексуални совети на играчите на Интер за тие да ја сочуваат енергијата за натпреварите.

„За време на натпреварувачката сезона ги советувам моите играчи дека сексуалниот однос не треба да трае долго и да вложат минимален напор за да се потроши што е можно помалку сила. Тоа значи дека треба да практикуваат положби во кои тие се под партнерката“, Конте ја открива тајната за тоа како фудбалерот да има секс, а сепак потоа да даде максимум на зелениот терен.

Со вакви совети Конте дефинитивно ќе го навлече гневот на сопругите и девојките на фудбалерите кои секако не сакаат нивниот сексуален однос да трае што е можно пократко.

„И препорачливо е тоа да го прават со нивните сопруги и декојки бидејќи доколку го прават со други, па, тоа бара повеќе акција“, Конте не е загрижен дали неговите фудбалери се верни, туку секс се љубовница бара повеќе напор, а тоа потоа може да се одрази негативно врз перформансите на теренот.

Малку е необично кога ќе замислиме како би се одвивал еден таков муабет помеѓу Антонио Конте и ете нека биде на пример Ромелу Лукаку. Дефинитивно смешно.

Колку играчите на „Нераѕурите“ ги слушаат и почитуваат неговите сексуални совети, засега останува непознато. Како и да е, нареден пат кога ќе видиме играч на Интер да не дава сѐ од себе на натпревар, прва претпоставка зошто е тоа така ќе биде дека не ги слушал секс советите на Антонио Конте.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе