СЕРИЈА А 2019/20

Конте најплатен тренер во Италија, дупло пред Сари и Анчелоти

Предводниците на Интер, Јуве и Наполи земаат најголеми плати од сите тренери, оној на Интер убедливо најмногу, додека најмали плати добиваат Хрватите Јуриќ и Тудор.

Антонио Конте е убедливо најплатен тренер на „чизмата“. Преземајќи го Интер очигледно одлично се испазарил бидејќи неговата плата од 11 милиони евра по сезона е дури дупло повисока од онаа на предводникот на шампионот Јувентус, Маурицио Сари.

Трет е неаполитанецот Карло Анчелоти кој зема пола милион помалку од Сари, а кругот на топ 5 го затвораат Михајловиќ на Болоња и Фонсека на Рома со по 3 милиони по сезона.

Најскржави кога станува збор за тренери се очекувано помалите клубови. Најслабо платен е Тудор на Удинезе со 500 илјади евра по сезона, а сто илјади повеќе добиваат неговиот сонародник Јуриќ во Верона и Корини во Бреша. Уште на четири други тренери платата не достигнува до милион.

Листата на плати на сите тренери од Серија ја откри најтиражниот италијански весник La Gazzetta dello Sport во неговото денешно печатено издание:

Антонио Конте (Интер) 11 милиони €
Маурицио Сари (Јувентус) 5,5 милиони €
Карло Анчелоти (Наполи) 5 милиони €
Синиша Михајловиќ (Болоња) 3 милиони €
Пауло Фонсека (Рома) 3 милиони €
Џан Пјеро Гасперини (Аталанта) 2,5 милиони €
Симоне Инѕаги (Лацио) 2 милиони €
Марко Џампаоло (Милан) 2 милиони €
Еузебио Ди Франческо (Сампдорија) 1,8 милиони €
Валтер Маѕари (Торино) 1,8 милиони €
Винченцо Монтела (Фиорентина) 1,5 милиони €
Роберто Де Ѕерби (Сасуоло) 1 милиони €
Роландо Маран (Каљари) 1 милиони €
Фабио Ливерани (Лече) 0,9 милиони €
Леонардо Семпличи (СПАЛ) 0,8 милиони €
Роберто Д'Аверса (Парма) 0,75 милиони €
Аурелио Андреацоли (Џеноа) 0,7 милиони €
Еуџенио Корини (Бреша) 0,6 милиони €
Иван Јуриќ (Верона) 0,6 милиони €
Игор Тудор (Удинезе) 0,5 милиони €

Мора да се напомене и дека Интер и Јувентус сѐ уште им даваат плата на своите поранешни тренери Лучано Спалети и Масимилијано Алегри поради предвремено раскинување на договорите. Спалети чини 4,5 милиони, додека Алегри 7,5.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе