Антонио Конте и Челзи преговараат за ангажманот на италијанскиот стручњак и веќе потпишале преддоговор, според кој селекторот на Италија ќе стане менаџер на Челзи по завршувањето на Европското првенство, пишува Gazzetta dello Sport.
Според истиот извор, двете страни имале конструктивни преговори, иако сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, го задржал правото да не го реализира договореното, само во еден случај.
Gazzetta тврди дека ако Диего Симеоне или Масимилијано Алегри се премислат, тогаш договорот со Конте нема да биде реализиран.