Конте уловен како пцуе по Видал

Тренерот на Интер фатен на камера како вика и пцуе по Артуро Видал на вчерашниот натпревар на кој Чилеанецот направи пенал.

Интер синоќа го декласираше Кротоне со 6:2, но на тимот му тргна дури откако од игра беше изваден Артуро Видал. Чилеанецот за 45 минути успеа да биде крив за два гола на гостите со кои на полувреме се замина со резултат од 2:2.

Во 12. минута Видал го остави Николо Ѕанелато сам и овој постигна гол за водство на гостите, а во 36. минута нарави фаул за пенал со кој Кротоне израмни на 2:2, само неколку минути откако Интер поведе со 2:1.

Видал се расправаше со главниот судија Џанлука Аурелиано околу пеналот, а од клупата бесниот Антонио Конте почна да вика во Видал, зборови кои поради празниот стадион одекнаа и лесно беа снимени на камера.

„Артуро! Играј и не го дрви к*рот! Играј и не го дрви к*рот!“, беше фатен Конте како вика по Чилеанецот.

Потоа, за време на паузата го остави во соблекувалната, го стави Стефано Сенси на неговото место, а Интер постигна четири гола и победи со 6:2.

Remote video URL

 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе