Конвел со емотивно писмо до починатиот Деј

Патрик Деј ноќеска им подлегна на повредите добиени од ударите на Чарлс Конвел. Тоа видно го потресе победникот бидејќи боксот е спорт во кој се оди на победа, не на смрт на противникот.

„Никогаш не сакав ова да ти се случи, само сакав да победам. Да би можел да го вратам назад времето, би го направил тоа. Никој не заслужува тоа да му се случи. Низ глава одново и одново ми се врти борбата надевајќи се дека никогаш не се случила и зошто ти се случи токму на тебе. Не можам да престанам да мислам на тоа, се молев толку многу и пролеав многу солзи бидејќи не можам да замислам како ќе се чувствуваат моето семејство и моите пријатели. Те гледам каде и да одам и насекаде слушам само убави работи за тебе. Помислив и да се откажам од боксот, но знам дека ти тоа не би го сакал, знам дека беше борец од срце и затоа одлучив да не се откажувам и да се борам да ја освојам светската титула бидејќи тоа е она што ти го сакаше, а исто така и јас. Ќе те користам како мотивација секој ден и секогаш ќе давам сѐ од себе во рингот“, стои во писмото објавено од самиот Конвел.

На неговото писмо се одзва тренерот на Деј, Џо Хигинс, кој починатиот боксер го познавал од мал. Му порача да продолжи да се бори и да не се обвинува себе си.

„Ти благодарам за убавите зборови. Патрик беше роден преку мојата улица така што имавме посебна поврзаност. Тој ќе сакаше да продолжиш да се бориш. Јас ќе навивам за тебе, да го оствариш твојот сон, истиот кој го имаше и тој. Премногу сум потресен бидејќи се чувствувам одговорен, но знам дека никој не е крив. Остани силен и те молам немој вината да ја префрлаш на себе“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе