Корисни совети како да го спречите уморот во зимските денови

Доколку веќе се борите со зимскиот умор, овие совети дефинитивно ќе ви помогнат да го зголемите нивото на енергија во текот на студените денови, пишува Independent.

Еден од најсигурните знаци на хроничен умор кој најчесто се појавува во зима е тешкото станување од кревет и посегнување по неколку шолји кафе за да го започнете денот.

Како што се намалува денот така почесто се будите со помалку енергија. Дури 97 проценти од Британците сметаат дека повеќето се уморни во текот на целата зима, а 10 проценти бараат лек за уморот.

Еве неколку совети како полесно да се справите со зимскиот умор:

1. Изложување на дневна светлина

Недостатокот на сончева светлина во текот на зимата може да го наруши биоритамот на спиење и будење. Кога надвор е мрачно телото произведува повеќе мелатонин кој кај човекот ја зголемува потребата за спиење. Отворете ги ролетните во текот на денот или почесто излегувајте на природна светлина.

2. Спиење

Недоволното спиење може да направи утредента да се чувствуваме лошо, но претераното спиење во текот на зимата го има истиот ефект на тромавост. Обидете се секој ден да си легнувате и да станувате во исто време.

3. Редовно вежбање

Утринското вежбање може да ослободи ендорфин во телото, хормон на среќата. Вежбањето во подоцните часови може да го намали уморот и да го подобри квалитетот на сон.

4. Здрава храна

Наместо со кафе денот може да го започнете со здрава храна. Јадењето интегрални житарки наутро значи внесување на Б витамини кои ќе помогнат да ја претворите храната во енергија, а телото ќе го снабдат со јаглехидрати.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе