Корисниците на Samsung нема да можат да го избришат Facebook од нивниот телефон

Samsung и неколку други производители на Android смартфони склучија договори со кои се обврзаа дека апликацијата на Facebook не може да биде избришана од нивните телефони.

Според Bloomberg, договорот вели дека Facebook апликацијата не може да биде избришана од телефоните со Android оперативен систем, туку ќе може само да биде ставена во мирување.

Засега не е објавено колку компании го имаат потпишано овој договор, ниту пак се познати нивните имиња, но помеѓу уредите кои се опфатени со договорот е Samsung Galaxy S8.

Апликацијата која ја активира социјалната мрежа Facebook кај уредите кои се предвидени во договорот ќе доаѓа фабрички инсталирана, како голем дел од апликациите на Google. Обично ваквите апликации важат за „проверени и безбедни“ – нешто што не можеше да се каже за социјалната мрежа во текот на изминатата година.

Според претставниците на Facebook, овој договор е постигнат за да им обезбеди „што подобро искуство“ на корисниците на Android уреди. Тие изјавија дека апликацијата воопшто не собира податоци доколку е неактивна, односно ставена во мирување, па затоа не треба да се крева паника поради задолжителното присуство на истата во смартфоните.

реклама

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе