Корисниците на Windows 7 останаа без поддршка за Chrome

Има сè помалку причини за корисниците на Windows 7 да продолжат да го користат застарениот оперативен систем.

Се чини дека на Google му истекува трпението кога станува збор за поддршката за Chrome за Windows 7.

Оние што сè уште го користат овој оперативен систем на своите компјутери ќе ја изгубат поддршката за Chrome на 7 февруари 2023 година. Застарените верзии сè уште ќе работат, но корисниците нема веќе да добиваат бедносни апдејти или нови функции.

И покрај фактот што Microsoft ја прекина поддршката за Windows 7 на почетокот на 2020 година, овој оперативен систем сè уште го користат голем број луѓе ширум светот. Според истражувањето на Statcounter GlobalStats, Windows 7 е на 10,68% од уредите ширум светот, додека Windows 8.1, кој исто така ќе ја изгуби поддршката за Chrome во исто време, е на 2,7% од компјутерите.

Google веќе некое време нè подготвува за овој потег, сакајќи да ја прекине поддршката до јули 2021 година, но веќе двапати го одложува рокот. Сепак, се чини дека 7 февруари сега е „изрезбан во камен“ и исто така е датумот кога другите корисници ќе ја добијат верзијата Chrome 110.

Google во своето соопштение за печатот рече дека овој датум е значаен бидејќи се совпаѓа со датумот на завршување на платената поддршка на Microsoft ESU за Windows 7 и дополнителната поддршка за Windows 8.1.

URL

Технолошкиот гигант ги повикува корисниците на Windows 7 и Windows 8.1 да ги надградат на Windows 10 или Windows 11 пред Chrome да остане без поддршка, со цел безбедно да го користат прелистувачот и да ги добијат најновите функции и закрпи за различни грешки.

И покрај тоа што беше лансиран во 2009 година, многумина сè уште сметаат дека Windows 7 е најдобрата верзија на оперативните системи на Microsoft, и иако сè уште го има на околу 10% од компјутерите, нема сомнение дека крајот на поддршката за Chrome означува уште еден чекор поблиску до неговата смрт.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе