Корисниците на социјалната мрежа Facebook низ Европа се жалат дека немаат пристап на своите профили, односно не можат да се логираат и да ја користат апликацијата, пренесува британтскиот Mirror.
Според DownDetector, корисниците во Европа имале проблеми со Facebook, особено оние кои живеат во Велика Британија, Франција, Германија и Италија.
Немајќи пристап на Facebook корисниците на Twitter почнаа да се шегуваат на своја и на туѓа сметка.
Од Facebook засега нема никакво соопштение за овие технички проблеми.