Г.Х, 53-годишен државјанин на Косово, заработи кривична пријава под сомнение дека сторил две кривични дела „кражба и оштетување и „неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 16 јули годинава во полициската станица Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал парични средства од банкомат на Охридска Банка во Струга во износ од 30.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.