Регион

Косово ги забрани сите видови коцкање во следните 10 години

26. март 2019 - 19:33 | Б.С.Б.

Институциите во Приштина денеска ги усвоија измените и дополнувањата на законите за игри за среќа, во кои е предложена забрана за коцкање и затворање на сите коцкарници во наредните 10 години, откако се случија две убиства во две коцкарници минатата недела.

Харадинај на новинарите, по седницата на Владата, им рече дека неговиот кабинет го прифатил барањето на парламентот за забрана за коцкање и затворање на сите коцкарници на косовска територија.

„Ние го спроведуваме барањето на Собранието, барањето беше Владата да ги забрани сите видови коцкање на период од 10 години, како и сите игри на среќа“, изјави Харадинај.

Тој потсети дека собранието го упатило барањето на предлог на највлијателниот опозициски Демократски сојуз на Косово.

Харадинај најави дека Владата на Парламентот во наредните 30 дена ќе му го достави изменетиот закон со кој забраната ќе биде озаконета, пишува Koha.

Коментирај