Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Келнерите во едно кафуле во Приштина се откажаа од проверката дали монетите од 2 евра се оригинални или не, бидејќи ужасно голем дел од нив се фалсификувани, а поради квалитетот на некои речиси е невозможно да се открие дали се лажни или не.

„На почетокот сите внимаваа и ги проверуваа монетите од 2 евра“, вели келнерот Ендрит. Тој и неговите колеги ставале парички под светло или ги пуштале на маса и проверувале како звучат.

„Сега веќе не го правиме тоа… можеби добиваме вистински пари, а можеби и лажни пари. Исти се“, вели тој, пренесе Index.

Количината на монети од две евра во оптек годинава е драстично зголемена, велат владините агенции.

Косово и соседна Црна Гора не се дел од еврозоната, но сепак го користат еврото. Во лабораторијата во Приштина експерти проверувале повеќе од 30.000 лажни евро монети во првата половина од годината, наспроти 4.451 во истиот период лани.

„Квалитетот оди од многу лош до многу добар“, вели Вјолца Мавриќи, лабораторичарка.

„Претходно монетите не беа магнетни како сега. Имаа проблеми со грамажата, но сега целосно одговараат на оригиналот“, додаде таа. Полицијата соопшти дека лани пријавила 804 случаи на фалсификат кај обвинителството, а годинава досега 486 случаи.

Index пишува дека во април полицијата уапсила маж и жена кои од Македонија донеле 10.600 фалсификувани монети од 2 евра во Косово. Бројни Албанци на социјалните мрежи објавуваат видеа на кои нудат лажни монети за 10% до 20% од вредноста на вистинските евра.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе