Крајот е на повидок: Монако го суспендираше Анри

Монако го суспендираше Тиери Анри од тренерската позиција на клубот и вечерва беше објавено дека суспензијата ќе остане на сила додека не се донесе одлука за неговата иднина.

Од утре, тренинзите на „црвено-белите“ ќе ги води помошникот на Анри – Франк Паси.

Анри го презеде Монако пред три месеци откако го смени Португалецот Леонардо Жардим, кој со клубот успеа да ја освои лигата само две години претходно. Французинот го предводеше Монако во 20 натпревари, во кои забележа 4 победи, 5 нерешени и загуби дури 11 пати.

Во Лига 1 под водство на Анри, Монако има 12 натпревари во кои тимот има само 2 победи и ниту еден триумф како домаќин. Притоа, тој испадна од групната фаза во Лигата на шампионите и неделава беше елиминиран од домашниот Куп по поразот од второлигашот Мец.

Сепак, проблемите во клубот не се само резултатски. Тиери Анри „избрка“ неколку од играчите од првиот тим и ги примора да тренираат со резервите бидејќи не се сложуваше со нивниот пристап кон фудбалот. Тој сметаше дека тие „мислат само на себе“, а не на клубот.

Додека да дојде до разрешница за иднината на француската легенда, неговиот помошник Франк Паси ќе седне на тренерското место. Но, веќе е изгледно кое ќе биде решението на раководството – отказ за Анри.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе