Кратка историја за канибализмот
Во најновото видео на TED-Ed е направен увид во историјата за човечкиот канибализам во минатото кога човечкото месо се користело во медицината, традиционалните ритуали и во времиња на глад и преживување.
Во 15 век Европејците верувале дека имаат чудотворен лек за лекување епилепсија, крвавење, модрици, вртоглавици и слично. Станува збор за прав познат како мумија, направен од мумифицирано човечко тело.
Тоа е само дел од историјата за канибализмот, во видеото ќе дознаете дека зборот доаѓа од Кристофер Колумбо кој ја известил кралицата Изабела за племе човекојадци. Понатаму зборот се користи за секого кој јаде човечко месо. Но, колку е стара всушност историјата за канибализмот ќе дознаете од ова анимирано видео.