Ф1

Кратко траеше пензијата, Маса се враќа во Вилијамс

19. декември 2016 - 15:00 | Макфакс

Бразилскиот автомобилост, Фелипе Маса, ќе ја прекинe пензијата и ќе се врати во „најбрзиот циркус“ во светот.

Како што пренесува „F1 Today“, раководството на Вилијамс и 35-годишниот возач постигнале договор, тој и следната сезона да биде член на британскиот тим.

Оваа одлука на Вилијамс значи дека тимот ќе му дозоволи на Финецот Валтери Ботас да се пресели во Мерцедес, кој бара замена за шампионот Нико Розберг.

Истиот извор наведува дека за едногодишниот договор Маса ќе добие шест милиони евра.

Коментирај