Кристијано Роналдо ја пронајде девојката која му помагала додека бил сиромашен

Минатата недела Кристијано Роналдо изјави дека како тинејџер бил многу сиромашен и дека често немал што да јаде. Во интервју за Good Morning Britain изјави дека би сакал да ги пронајде девојките кои му давале храна.

„Имав 12 години и немав пари. Живеев со другите играчи врсници од други делови на Португалија. Ми беше тешко без родителите. Во една продавница на McDonald's добивавме хамбургери кои остануваа непродадени. Таму работеше жена по има Една и уште две девојки, многу би сакал да ги пронајдам“, изјави тогаш Роналдо.

Една од жените кои му давале бесплатно храна на Роналдо е Пола Лека која изјави дека би ја прифатила поканата за вечера со славниот фудбалер. Таа раскажа како го запознала Роналдо.

„Ќе се појавеа пред ресторанот и кога би останале неколку хамбургери непродадени нашиот менаџер ни дозволуваше да им ги дадеме. Меѓу децата беше и Кристијано Роналдо кој беше и најплашлив. Доаѓаа секоја вечер“, вели Пола.

Таа вели дека денес нејзиниот син не ѝ верува дека му давала хамбургери на славниот фудбалер.

Сето ова се случувало во 2000 година, кога Роналдо живеел во тешки услови.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе