Хроника

Кривична пријава против косовец за криумчарење мигранти

22. април 2019 - 14:59 | МИА
Скопје, 22 април 2019 (МИА) – Регионалниот центар за гранични работи – Југ поднесе кривична пријава против лицето К.Р.(34) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштуваат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 20 април 2019 година на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучката „Смоквица“, во возилото што го управувал пријавениот, полициски службеници пронашле 58 мигранти. 

Коментирај