Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонски Брод

Скопје, 9 август, 2019 (МИА) – Против поранешниот градоначалник на Македонски Брод М.В. (60) покрената е кривична пријава за помагање во врска со „злоупотреба на службена положба“, со што на скопјанецот Н.А. му е овозможено бесправно да се стекне со парцела во сопственост на државата на која се наоѓал објект – каптажа на извор за вода.

Како што соопшти МВР,  надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М. В. (60) од Македонски Брод за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Н. А. (57) од Скопје за сторено кривично дело „поттикнување“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“, и против Д. К. (35), Љ. М. (51) од Скопје, З. Н. (58), С. Ѓ. (60) и Ј. В. (57), сите од Македонски Брод за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од мај 2016 до јули 2017 година, првопријавениот, како градоначалник на општина Македонски Брод, формирал комисија за изготвувањето локално урбанистичка планска документација за градежна парцела во атар на село Белица, по што петто, шесто и седмопријавениот, како членови на наведената комисија, во договор со првопријавениот, не прикажале инфраструктурен објект од јавен интерес – каптажа на извор за вода, кој се наоѓал на наведената парцела. Исто така, третопријавениот, како геометар и четвртопријавениот, како управител на друштво за геодетски работи „Гео-Модерн“ ДОО Скопје, изготвиле геодетски елаборати за парцели на подрачје на село Белица, во кои не го прикажале наведениот инфраструктурен објект.

По ова, петто, шесто и седмопријавениот, по извршен увид на терен на наведената локација, ја потврдиле состојбата наведена во елаборатот изготвен од трето и четвртопријавениот. Потоа, била спроведена постапка за носење на локално урбанистичка планска документација и отуѓувањето на наведената парцела сопственост на Република Северна Македонија, и истата станала сопственост на второпријавениот, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист – објект каптажа на извор за вода, стои во соопштението.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе