Хроника

Кривична пријава за „компјутерска измама“ за управител на фирма во Скопје

20. ноември 2019 - 16:40 | МИА

Скопје, 20 ноември 2019 (МИА) – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ поднесе кривична пријава против А.С.(47), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

Како што информира МВР, А.С., во својство на управител на фирма од Скопје, потпишал договор со фирма за телекомуникации од Скопје за користење на услуги.

Со користење на опремата и софтверот на фирмата за телекомуникации, за која не бил овластен, ниту регистриран за давање на услуги во областа на електронските комуникации, во период од јули до ноември 2019, навлегувал во телекомуникацискиот систем на два телефонски оператора од Р.С. Македонија и ги менувал податоците за започнатите меѓународни повици.

А.С. наместо нив креирал нов компјутерски податок, прикажувајќи како да се остварува повик од национален телефонски број од Р.С. Македонија, а така изменетите компјутерски податоци како локални – национални повици, се регистрирале во компјутерскиот систем на оштетените телефонски оператори, со што ги оневозможил да наплатат надомест за терминација на дојдовен меѓународен сообраќај со странски оператор.

Коментирај